Who cast that first fateful tomato that started the La Tomatina revolution? The reality is no one knows. Maybe it was an anti-Franco rebellion, or a carnival that got out of hand. According to the most popular version of the story, during the 1945 festival of Los Gigantes (a giant paper mâché puppet parade), locals were looking to stage a brawl to get some attention. They happened upon a vegetable cart nearby and started hurling ripe tomatoes. Innocent onlookers got involved until the scene escalated into a massive melee of flying fruit. The instigators had to repay the tomato vendors, but that didn't stop the recurrence of more tomato fights—and the birth of a new tradition.
Fearful of an unruly escalation, authorities enacted, relaxed, and then reinstated a series of bans in the 1950s. In 1951, locals who defied the law were imprisoned until public outcry called for their release. The most famous effrontery to the tomato bans happened in 1957 when proponents held a mock tomato funeral complete with a coffin and procession. After 1957, the local government decided to roll with the punches, set a few rules in place, and embraced the wacky tradition.
Though the tomatoes take center stage, a week of festivities lead up to the final showdown. It's a celebration of Buñol's patron saints, the Virgin Mary and St. Louis Bertrand, with street parades, music, and fireworks in joyous Spanish fashion. To build up your strength for the impending brawl, an epic paella is served on the eve of the battle, showcasing an iconic Valencian dish of rice, seafood, saffron, and olive oil.
Today, this unfettered festival has some measure of order. Organizers have gone so far as to cultivate a special variety of unpalatable tomatoes just for the annual event. Festivities kick off around 10 a.m. when participants race to grab a ham fixed atop a greasy pole. Onlookers hose the scramblers with water while singing and dancing in the streets. When the church bell strikes noon, trucks packed with tomatoes roll into town, while chants of "To-ma-te, to-ma-te!" reach a crescendo.
Then, with the firing of a water cannon, the main event begins. That's the green light for crushing and launching tomatoes in all-out attacks against fellow participants. Long distance tomato lobbers, point-blank assassins, and medium range hook shots. Whatever your technique, by the time it's over, you will look (and feel) quite different. Nearly an hour later, tomato-soaked bombers are left to play in a sea of squishy street salsa with little left resembling a tomato to be found. A second cannon shot signals the end of the battle. | Кој го фрли оној прв судбоносен домат со кој започна Ла Томатина револуцијата? Никој не знае. Можеби било тоа побуна против Франко или пак едноставно карневал кој излегол од контрола. Според најпопуларната верзија на приказната, за време на фестивалот Лос Гигантес (парада на џиновски фигури од дрво и картон) во 1945 год., локалното население сакало да започне тепачка за да привлече внимание. Така, кога наишле на количка со зеленчук почнале да фрлаат наоколу зрели домати. Се вклучиле и невини случајни минувачи па случката ескалирала во масовна бркотница во која летало овошје на сите страни. Иницијаторите морале да им ги платат доматите на продавачите, но тоа сепак не ја спречило повторната појава на борби со домати – а со тоа и раѓањето на една нова традиција. Плашејќи се да не дојде до неконтролива ескалација, во 1950-тите властите пропишаа низа забрани, па ги олабавија за повторно да ги воведат. Во 1951, сите припадници на локалното население кои му се спротиставија на законот се најдоа во затвор по што јавноста се побуни за нивно ослободување. Најпознатото дрско спротиставување на забраните за борба со домати се случи во 1957 година кога поборниците на овие борби одржаа божемен погреб на домати вклучувајќи и ковчег и поворка. По 1957, локалните власти одлучија да попуштат па воведоа нови правила и ја прифатија откачената традиција. Иако доматите го имаат централното место, еднонеделното славење води до финалниот настан. Се работи за славењето на светците-патрони на Буњол, Дева Марија и Св. Луис Бертран, со улични паради, музика и огномети во весел, шпански стил. За да се собере сила за претстојната тепачка, вечерта пред борбата се служи импресивна паеља, култното валенсиско јадење од ориз, морска храна, шафран и маслиново масло. Денес овој неинхибиран фестивал има одреден воспоставен ред. Организаторите отишле дотаму што одгледуваат посебна сорта невкусни домати кои ги користат само за овој настан кој се случува еднаш годишно. Со празнување се започнува околу 10 часот наутро со трка во која учесниците треба да зграбат шунка која е поставена на врвот од масен столб. Гледачите со црева прскаат вода по расшлапаните учесници истовремено забавувајќи се со пеење и танцување по улиците. Кога камбаната отчукува во 12 часот напладне, камиони полни со домати почнуваат да влегуваат во градот додека луѓето сẻ погласно извикуваат „До-ма-ти, до-ма-ти!“. Потоа се испалува водениот топ со што започнува главниот настан. Со ова се дава зелено светло за отпочнување на нападот во кој сите учесници истовремено почнуваат со гмечење и фрлање на домати едни кон други. Далекусежно лобување, напад одблиску и хорок шут со среден домен – која и да е вашата техника, кога ќе заврши сето ова вие ќе изгледате (и ќе се чувствувате) сосема поинаку. Речиси саат време подоцна, бомбардерите, до кожа натопени со домати, остануваат да играат салса на расшлапаната улица на која веќе нема речиси ништо што наликува на домати. Второто испалување од водениот топ го означува крајот на битката. |