We're accustomed to glamour in London SE26: Kelly Brook and Jason Statham used to live above the dentist. But when Anouska Hempel's heels hit the cracked cement of the parking space outside my flat, it's hard not to think of those Picture Post photographs of royalty visiting bombed-out families during the second world war. Her mission in my modest tract of suburbia is, however, about more than offering sympathy. Hempel—the woman who invented the boutique hotel before it bore any such proprietary name—has come to give me information for which, judging by the spreads in interiors magazines and anxious postings on online DIY forums, half the property-owners in the Western world seem desperate: how to give an ordinary home the look and the vibe of a five-star, £750-a-night hotel suite. To Hempelise, in this case, a modest conversion flat formed from the middle slice of a three-storey Victorian semi.
"You could do it," she says, casting an eye around my kitchen. "Anyone could do it. Absolutely no reason why not. But there has to be continuity between the rooms. A single idea must be followed through." She looks out wistfully over the fire escape. "And you'd have to buy the house next door, of course." That's a joke. I think.
...
It's worth pausing, though, to consider the oddness of this impulse. The hotel room is an amnesiac space. We would be troubled if it bore any sign of a previous occupant, particularly as many of us go to hotels in order to do things we would not do at home. We expect a hotel room to be cleaned as thoroughly as if a corpse had just been hauled from the bed. (In some cases, this will actually have happened.) The domestic interior embodies the opposite idea: it is a repository of memories. The story of its inhabitants ought to be there in the photos on the mantelpiece, the pictures on the wall, the books on the shelves. If hotel rooms were people, they would be smiling lobotomy patients or plausible psychopaths. | Навикнати сме на гламурот во Лондон Сиднам (поштенски број SE26): Кели Брук и Џејсон Статам порано живееја над забарот. Но кога штиклите на Анушка Хемпел одекнуваат од напукнатиот цемент на паркингот пред мојот стан, тешко е да се не помисли на оние фотографии од списанието Пикчр Пост (Picture Post) на кои членови од кралското семејство посетуваат бомбардирани семејства во периодот на Втората светска војна. Сепак, нејзината мисија во моето скромно катче во предградието значи повеќе од нудење сочуство. Хемпел—жената чиј изум е бутик-хотелот пред тој [туристички објект] да има какво и да било законски заштитено име—дојде да ми даде информации за кои се чини дека, судејќи според написите во списанијата за внатрешен дизајн и огласувањата исполнети со загриженост на форумите „Направи сам“, половина од сопствениците на имоти се очајни: како на еден обичен дом да му се дадат изглед и вибрации што ги поседува апартман во хотел со пет ѕвезди во којшто едно ноќевање чини 750 британски фунти. Да се уреди во хемпеловски стил, во овој случај, еден скромен адаптиран стан што претставува дел од средишниот простор на трикатна лепенка изградена во викторијански стил. „Можеш да успееш“, вели таа, шарејќи со погледот низ мојата кујна. „Секој може да успее. Нема апсолутно ниедна причина поради која не би можел. Но мора да има континуитет помеѓу собите. Една единствена идеја треба да се провлекува како црвена нишка“. Погледнува замислено кон излезот што се користи во случај на пожар. „И секако, би требало да ја купиш соседната куќа“. Тоа е шега. Мислам. ... Меѓутоа, вреди да се направи пауза за да се размисли за необичноста на овој импулс. Хотелската соба е место што пати од амнезија. Би биле вознемирени ако во собата се крие некаква трага од претходниот станар, особено поради тоа што многумина од нас одат во хотел со цел да прават работи што не би ги правеле дома. Очекуваме хотелската соба да биде исчистена толку темелно небаре од креветот е тукушто извлечено безживотно тело. (Во одредени случаи, ова всушност ќе се има случено.) Внатрешниот ентериер е олицетворение на спротивната замисла: хотелската соба е складиште на спомени. Приказната на нејзините жители треба да биде присутна на фотографиите на полицата од каминот, сликите на ѕидот, книгите на полиците. Да беа хотелските соби луѓе, би биле насмеани пациенти на кои им е извршена лоботомија или уверливи психопати.
|