Competition in this pair is now closed, and the winning entry has been announced. Discussion and feedback about the competition in this language pair may now be provided by visiting the "Discussion & feedback" page for this pair. Entries may also be individually discussed by clicking the "Discuss" link next to any listed entry. Source text in English We're accustomed to glamour in London SE26: Kelly Brook and Jason Statham used to live above the dentist. But when Anouska Hempel's heels hit the cracked cement of the parking space outside my flat, it's hard not to think of those Picture Post photographs of royalty visiting bombed-out families during the second world war. Her mission in my modest tract of suburbia is, however, about more than offering sympathy. Hempel—the woman who invented the boutique hotel before it bore any such proprietary name—has come to give me information for which, judging by the spreads in interiors magazines and anxious postings on online DIY forums, half the property-owners in the Western world seem desperate: how to give an ordinary home the look and the vibe of a five-star, £750-a-night hotel suite. To Hempelise, in this case, a modest conversion flat formed from the middle slice of a three-storey Victorian semi.
"You could do it," she says, casting an eye around my kitchen. "Anyone could do it. Absolutely no reason why not. But there has to be continuity between the rooms. A single idea must be followed through." She looks out wistfully over the fire escape. "And you'd have to buy the house next door, of course." That's a joke. I think.
...
It's worth pausing, though, to consider the oddness of this impulse. The hotel room is an amnesiac space. We would be troubled if it bore any sign of a previous occupant, particularly as many of us go to hotels in order to do things we would not do at home. We expect a hotel room to be cleaned as thoroughly as if a corpse had just been hauled from the bed. (In some cases, this will actually have happened.) The domestic interior embodies the opposite idea: it is a repository of memories. The story of its inhabitants ought to be there in the photos on the mantelpiece, the pictures on the wall, the books on the shelves. If hotel rooms were people, they would be smiling lobotomy patients or plausible psychopaths. | The winning entry has been announced in this pair.There were 5 entries submitted in this pair during the submission phase. The winning entry was determined based on finals round voting by peers.
Competition in this pair is now closed. | Навикнати сме на гламурот во Лондон Сиднам (поштенски број SE26): Кели Брук и Џејсон Статам порано живееја над забарот. Но кога штиклите на Анушка Хемпел одекнуваат од напукнатиот цемент на паркингот пред мојот стан, тешко е да се не помисли на оние фотографии од списанието Пикчр Пост (Picture Post) на кои членови од кралското семејство посетуваат бомбардирани семејства во периодот на Втората светска војна. Сепак, нејзината мисија во моето скромно катче во предградието значи повеќе од нудење сочуство. Хемпел—жената чиј изум е бутик-хотелот пред тој [туристички објект] да има какво и да било законски заштитено име—дојде да ми даде информации за кои се чини дека, судејќи според написите во списанијата за внатрешен дизајн и огласувањата исполнети со загриженост на форумите „Направи сам“, половина од сопствениците на имоти се очајни: како на еден обичен дом да му се дадат изглед и вибрации што ги поседува апартман во хотел со пет ѕвезди во којшто едно ноќевање чини 750 британски фунти. Да се уреди во хемпеловски стил, во овој случај, еден скромен адаптиран стан што претставува дел од средишниот простор на трикатна лепенка изградена во викторијански стил. „Можеш да успееш“, вели таа, шарејќи со погледот низ мојата кујна. „Секој може да успее. Нема апсолутно ниедна причина поради која не би можел. Но мора да има континуитет помеѓу собите. Една единствена идеја треба да се провлекува како црвена нишка“. Погледнува замислено кон излезот што се користи во случај на пожар. „И секако, би требало да ја купиш соседната куќа“. Тоа е шега. Мислам. ... Меѓутоа, вреди да се направи пауза за да се размисли за необичноста на овој импулс. Хотелската соба е место што пати од амнезија. Би биле вознемирени ако во собата се крие некаква трага од претходниот станар, особено поради тоа што многумина од нас одат во хотел со цел да прават работи што не би ги правеле дома. Очекуваме хотелската соба да биде исчистена толку темелно небаре од креветот е тукушто извлечено безживотно тело. (Во одредени случаи, ова всушност ќе се има случено.) Внатрешниот ентериер е олицетворение на спротивната замисла: хотелската соба е складиште на спомени. Приказната на нејзините жители треба да биде присутна на фотографиите на полицата од каминот, сликите на ѕидот, книгите на полиците. Да беа хотелските соби луѓе, би биле насмеани пациенти на кои им е извршена лоботомија или уверливи психопати.
| Entry #13484 — Discuss 0
Winner Voting points | 1st | 2nd | 3rd |
---|
31 | 7 x4 | 1 x2 | 1 x1 |
- 1 user entered 6 "like" tags
Лондон Сиднам (поштенски број SE26) | Good term selection | Maja_K No agrees/disagrees | |
Пикчр Пост (Picture Post) | Good term selection | Maja_K No agrees/disagrees | |
законски заштитено име | Good term selection | Maja_K No agrees/disagrees | |
Хотелската соба е место што пати од амнезија. | Flows well | Maja_K No agrees/disagrees | |
Очекуваме хотелската соба да биде исчистена толку темелно небаре од креветот е тукушто извлечено безживотно тело. | Flows well | Maja_K No agrees/disagrees | |
Внатрешниот ентериер е олицетворение на спротивната замисла: | Flows well | Maja_K No agrees/disagrees | |
- 3 users entered 8 "dislike" tags
- 4 users agreed with "dislikes" (10 total agrees)
- 2 users disagreed with "dislikes" (10 total disagrees)
-1 +1 1 штиклите | Grammar errors | Danco | |
-2 +3 1 да се не помисли | Grammar errors | Maja_K | |
-1 +1 1 шарејќи | Grammar errors | Danco | |
-1 +1 1 треба да се провлекува како црвена нишка | Mistranslations ??? | Maja_K | |
-1 +2 1 да се направи пауза | Other Буквален превод. | Danco | |
-2 +1 1 Внатрешниот ентериер е олицетворение на спротивната замисла: хотелската соба е складиште на спомени | Omission испуштено е "domestic" | Danco | |
-1 +1 1 Внатрешниот ентериер | Other Исто значење имаат и „внатрешен“ и „ентериер“. Беспотребно дуплирање на зборови. | Danco | |
| Навикнати сме на гламурот во Лондон СЕ26: Кели Брук и Џејсон Стејтам живееја над стоматологот. Но кога затропаа потпетиците на Анушка Хемпел по испуканиот цемент на паркингот пред мојoт стан, тешко е човек да не помисли на фотографиите од „Пикчр Пост“, од посетите на членови од кралското семејство кај бомбардирани семејства за време на Втората светска војна. Меѓутоа, нејзината мисија во моето скромно делче од предградието не се однесува само на изразувањето сочуство. Хемпел, жената што ги изуми луксузните хотели пред да носат какво било заштитено име, ми даде информации за кои, според големите написи во списанијата за внатрешно уредување и загрижените објави на форумите од типот „направи сам“ на интернет, половина од сопствениците на имот во Западниот свет би очајувале: како на обичниот дом да му дадат изглед и чувство на хотелски апартман со пет ѕвезди, каде што ноќевање чини 750 фунти. Во случајов, треба да се „хемпелизира“ станот сместен на средниот кат од трикатната викторијанска куќа, лепенка со друга куќа од едната страна. „Може да се постигне“, вели таа, фрлајќи поглед во мојата кујна. „Секој може тоа да го постигне. Нема причина зошто да не. Но мора да има непрекинатост помеѓу собите. Низ просторот мора да се следи една идеја.“ Таа носталгично погледнува кон излезот во случај на пожар. „Нормално, ќе треба да ја купите и соседната куќа.“ Се шегува. Барем така мислам. ... Сепак, вреди да се подзастане, да се размисли колку е чуден овој импулс. Хотелската соба е како простор за луѓе со слабо памтење. Ќе имаме мака ако оддава каков било знак за претходниот жител, особено поради тоа што многумина од нас одат во хотел за работи што не би ги правеле дома. Очекуваме хотелските соби да се темелно исчистени, како тукушто да изнеле труп од креветот. (Во некои случаи можно е тоа навистина да се случило.) Внатрешното уредување во домот е отелотворение на спротивното: тој е складиште за сеќавања. Приказната на жителите треба да биде присутна на фотографии над каминот, на слики на ѕидот, на книги на полиците. Да беа хотелските соби луѓе, ќе беа насмеани пациенти после лоботомија или убедливи психопати. | Entry #12730 — Discuss 0
Voting points | 1st | 2nd | 3rd |
---|
15 | 3 x4 | 1 x2 | 1 x1 |
- 2 users entered 10 "like" tags
- 1 user agreed with "likes" (5 total agrees)
- 2 users disagreed with "likes" (6 total disagrees)
-1 1 Но кога затропаа потпетиците | Flows well | Danco | |
-1 1 „хемпелизира“ | Good term selection | Danco | |
-1 +1 1 фрлајќи поглед | Good term selection | Maja_K | |
непрекинатост | Good term selection | Danco No agrees/disagrees | |
-1 +1 1 Низ просторот мора да се следи една идеја. | Flows well | Maja_K | |
Сепак, вреди да се подзастане, да се размисли колку е чуден овој импулс. | Flows well | Danco No agrees/disagrees | |
+1 Внатрешното уредување во домот е отелотворение на спротивното: | Flows well | Maja_K | |
- 2 users entered 28 "dislike" tags
- 1 user agreed with "dislikes" (2 total agrees)
- 2 users disagreed with "dislikes" (21 total disagrees)
| Inconsistencies „објави исполнети со загриженост“, на пример... овака звучи како самите објави да биле загрижени, а не дека потекнуваат од загрижени членов | Maja_K | |
-2 +1 1 Може да се постигне | Inconsistencies | Maja_K | |
-1 1 одат во хотел за работи што не би ги правеле дома | Omission за ДА ПРАВАТ работи што не би ги правеле дома. | Milena Chkripeska | |
можно е | Grammar errors Неправилен редослед на зборовите. | Milena Chkripeska No agrees/disagrees | |
после | Inconsistencies После is an adverb, по is the preposition needed. | Milena Chkripeska No agrees/disagrees | |
| Навикнати сме веќе на гламурот во Лондон, област SE26: Кели Брук и Џејсон Статхам имаа живеено над стоматологот. Ама кога потпетиците на Анушка Хемпел заѕвечкаа по цементот на паркиралиштето надвор пред мојот стан, тешко беше, а да не ти наврат во глава фотографиите од Picture Post како некој член на кралското семејство посетува луѓе во Втората светска војна истерани од своите домови поради бомбардирањата. Нејзината мисија во мојот скромен предградски предел е сепак нешто повеќе од нудење на сочувство. Хемпел - жената која ја измисли појавата „бутик-хотел“ пред воопшто да има такво нешто - ми даде информации кои велат, судејќи според трендот во списанијата за ентериер и замаените пишувачи на DIY (DoItYourself) форуми, дека половина од сопствениците на имоти на Западот заликуваат како да се очајни: да му се даде на обичниот дом изглед и атмосфера на пет ѕвезден хотелски апартман што чини 750 фунти од ноќ. Да се хемпелизира, во овој случај скромно преуреден стан формиран од средишниот дел на трикатна Викторијанска зградичка. „Може!“ ми вели и фрла око низ кујната. „Секој може. Нема причина да не може. Ама мора да има континуитет меѓу собите. Мора истата идеја да протече насекаде“. Тажно погледнува кон скалите за пожар. „А ќе мора и соседната куќа да се откупи“. Белки се шегува. ... Вреди за момент да се размисли за необичноста на овој импулс. Хотелските соби се како простории за доживување амензија. Ќе ни пречи ако имаат некаков траг од претходниот станар, особено затоа што повеќето од нас одат во хотели за да прават работи што дома не ги прават. Хотелската соба се очекува да биде темелно исчистена, темелно како леш да ваделе од креветот. (Баш тоа и се случува понекогаш). Домашниот ентериер ја отелотворува спротивната замисла: стовариште на спомени. Приказната на станарите, која се чита по фотографиите над каминот, сликите на ѕидовите, по книгите на полиците. Ако хотелските соби беа луѓе, тогаш ќе беа како пациенти излезени од лоботомија или можни психопати. | Entry #13097 — Discuss 0
Voting points | 1st | 2nd | 3rd |
---|
3 | 0 | 1 x2 | 1 x1 |
- 1 user entered 3 "like" tags
- 1 user entered 21 "dislike" tags
- 1 user agreed with "dislikes" (1 total agree)
- 1 user disagreed with "dislikes" (1 total disagree)
предградски предел е сепак нешто повеќе од нудење на сочувство. | Syntax | Milena Chkripeska No agrees/disagrees | |
кои велат, судејќи според трендот во списанијата за ентериер и замаените пишувачи на DIY (DoItYourself) форуми | Inconsistencies | Milena Chkripeska No agrees/disagrees | |
хемпелизира | Spelling Што мислите за „хемпелира“? Хемпел (хемпелира) vs. Хемпелиза (хемпелизира) | Milena Chkripeska No agrees/disagrees | |
| Навиканти сме на гламурот во Лондон SE26: Кели Брук и Џејсон Стетам се навикантаи да живеат над заболекарот. Но кога Анушка Хемпел ќе зачука со петите по распуканиот бетон на паркиралиштето пред мојата зграда, не можам а да не помислам на фотографиите од Picture Post списанието нa кои се прикажани погодени фамилии за време на Втората Светска војна. Како и да е, нејзината цел во мојата населба е нешто повеќе од обична грижа. Хемпел, жената која го измисли бутик хотелот уште пред да добие свое соодветно име, дојде да ме информира дека судејќи според новините кои се шират во домашните весници и вознемирувачките коментари на онлајн форумите, половина од поседувачите на имот на Западот очајно бараат начини како на еден просечен дом да му се даде изглед и шарм на хотел со пет ѕвезди, по цена од 750 долари на ноќ. Во Хемпелизе, на пример, една трокатна средовековна куќа од Викторијанскиот период е скромно преуредена во една нова зграда. "Ти можеш да го направиш тоа", ми рече таа, погледнувајќи ја мојата кујна. "Секој би можел да го стори тоа. Не постои апсолутно никаква причина зошто не би можел. Но мора да постои поврзаност меѓу собите. Една идеја треба да биде проследена со друга идеја." Тажно погледна кон скалите во случај на пожар. "Исто така ќе мора да ја купиш куќата во соседството." Тоа беше шега. Барем јас така мислам. ... Сепак, добро е да се размисли однапред и да се земе во обѕир специфичноста на овој потфат. Хотелската соба памети. Сигурно би се вознемириле долколку забележиме било каков знак од претходниот корисник, особено затоа што повеќето од нас одат во хотел со цел да прават работи кои не би ги правеле дома. Очекуваме собата да биде исчистена особено откако некое туѓо тело се влечело по креветот. (Во некои случаеви токму ова може да биде причина за поплака.) Домашниот амбиент на собата, од друга страна, истакнува една сосема спротивна идеја: собата е складиште на спомени. Приказните на посетителите се како урамени слики ставени на полиците, слики на ѕидовите, книги на полиците. Кога хотелските соби би биле луѓе, би биле насмеани лоботомски пациенти или најверојатно психопати. | Entry #13762 — Discuss 0
Voting points | 1st | 2nd | 3rd |
---|
2 | 0 | 1 x2 | 0 |
- 1 user entered 4 "like" tags
со цел да прават работи кои не би ги правеле дома. | Flows well | Milena Chkripeska No agrees/disagrees | |
- 2 users entered 31 "dislike" tags
- 1 user agreed with "dislikes" (3 total agrees)
уште пред да добие свое соодветно име | Omission Хемпел или хотелот? | Milena Chkripeska No agrees/disagrees | |
Во Хемпелизе, на пример, една трокатна средовековна куќа од Викторијанскиот период е скромно преуредена во една нова зграда. | Inconsistencies | Milena Chkripeska No agrees/disagrees | |
особено откако некое туѓо тело се влечело по креветот. | Inconsistencies | Milena Chkripeska No agrees/disagrees | |
| Сите ја знаеме блескавоста на 26-тото југоисточно предградие во Лондон:Кели Брук и Џејсон Стетем живееја над заболекарот.Но,кога Анушка Хемпел стапна со своите подпетици врз распуканиот цемент од паркингот под мојот стан,не можев а да не се присетам на фотографиите во весниците на членовите на кралското семејство кои доаѓаа во посета на семејствата чии домови беа бомбардирани за време на Втората Светска Војна.Сепак,нејзината цел, според мојата скромна размисла на жител од предградие,беше нешто повеќе одколку само покажување наклонетост. Хемпел,жената која прва почна да го употребува терминот бутик хотел,уште пред тоа карактерис- тично нарекување да се пробие во јавноста-беше дојдена да ми го овозможи онаа што,судејќи според огласите на внатрешните страници во списанијата и острите написи на"НАПРАВИ САМ" форумите,многу сопственици на имоти на Западот очајно го посакуваа:едно обично живеалиште да се здобие со изглед и представа на хотел со пет ѕвезди со цена од 750 фунти за еднодневен престој.Во овој случај,според Хемпелизова,тука се работеше за преобразба на еден скромен стан од средишниот спрат на триспратно полу-викторијан- ско здание. "Можеш да го направиш тоа"рече таа,опфаќајки ја со погледот мојата кујна."Секој може да го на- прави тоа.Нема никаква посебна причина зошто не би можел.Но,мора да има поврзаност помеѓу собите.Една единствена идеја мора да се провле- кува насекаде."Погледна замислено во згаснатиот оган."А и ќе мора да ја купиш соседната куќа,се разбира."Таа мора да се шегува,си помислив. Сепак,треба да се застане и да се размисли за необичноста на оваа наговарање.Хотелската соба е заборавено место.Не ќе ни е сеедно доколку во неа има преостанато било каков траг од поранешен гост,особено што мнозинството од нас одат по хотели сакајќи да прават работи кои не би ги правеле дома.Сакаме хотелската соба да е толку чиста,како никој да не престојувал во неа.(За волја на вистината,понекогаш тоа и е така).Домашната атмосфера го прикажува спротивното-таа е збир од сеќавања.Приказната за станарите се содржи во фотографиите над каминот,сликите на ѕидовите, книгите на рафтовите.Да беа хотелските соби лу- ѓе,тие ќе беа насмеани умоболни пациенти или мо- жни психопати.
| Entry #12964 — Discuss 0
Voting points | 1st | 2nd | 3rd |
---|
0 | 0 | 0 | 0 |
- 1 user entered 3 "like" tags
- 2 users entered 53 "dislike" tags
- 1 user agreed with "dislikes" (1 total agree)
Втората Светска Војна.Сепак,нејзината цел, според мојата скромна размисла на жител | Spelling | Milena Chkripeska No agrees/disagrees | |
спрат на триспратно полу-викторијан- ско здание. | Spelling | Milena Chkripeska No agrees/disagrees | |
,опфаќајки ја со погледот мојата кујна." | Punctuation | Milena Chkripeska No agrees/disagrees | |
.Но,мора да има поврзаност помеѓу собите.Една единствена идеја мора да се провле- кува насекаде." | Punctuation | Milena Chkripeska No agrees/disagrees | |
"А и ќе мора да ја купиш соседната куќа,се разбира." | Punctuation | Milena Chkripeska No agrees/disagrees | |
,особено што мнозинството од нас
одат по хотели сакајќи да прават работи кои не би ги правеле дома. | Punctuation | Milena Chkripeska No agrees/disagrees | |
,како никој да не престојувал во неа. | Mistranslations | Milena Chkripeska No agrees/disagrees | |
Приказната за станарите се содржи во
фотографиите над каминот,сликите на ѕидовите, книгите на рафтовите. | Punctuation | Milena Chkripeska No agrees/disagrees | |
лу-
ѓе,тие ќе беа насмеани умоболни пациенти или мо-
жни психопати. | Mistranslations + spelling errors | Milena Chkripeska No agrees/disagrees | |
| | | | | X Sign in to your ProZ.com account... | | | | | | ProZ.com translation contestsProZ.com translation contests offer a fun way to take a break from your normal routine while testing and honing your skills with fellow translators.
ProZ.com Translation Contests. Patent pending. |